Mindblown: a blog about philosophy.
-

Потпишан меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина со Србија
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, денеска со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, потпишаа меморандум за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан.…
-

Запленета дрога во Битола, приведени пет лица
Полициски службеници од СВР Битола вчера на ул.„Краварски пат“ во Битола запленија околу четири килограми марихуана и лишија од слобода пет лица: Г.К.(54) и В.И.(38), двајцата од Битола, А.Д.(34) и А.С.(23) двајцата од село Мало Турчане, гостиварско и А.Џ.(36) од Гостивар.Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола,…
-

Конференција за предизвиците и можностите за поголема соработка меѓу економиите од Западен Балкан
Регионалната соработка овозможува раст и развој на економите. Предизвиците не се пречка, тие се шанса за заедно да ги надминеме и заедно да ги мултиплицираме шансите и можностите што се отвораат пред нас. Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен…
-

Штрајк на вработените во португалската новинска агенција Луса
Вработените во португалската новинска агенција Луса денеска почнаа четиридневен штрајк, со барање за зголемување на платите. Агенцијата ги информираше клиентите дека „услугите ќе бидат во прекин во тој период“. Денеска се планирани собири пред седиштето на Луса во португалскиот главен град Лисабон и во градот Порто. За утре е планиран собир пред официјалната резиденција на португалскиот премиер,…
-

Собранието расправаше за предложените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување
Во Собранието попладнево, поради отсуство на претставници за дел од точките од дневниот ред, беше прекината 71 седница на која претходно беше разгледан и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Предлог на законот се однесува на усогласување на платите на вработените во Фондот за пензиско…
-

Белата куќа најостро го осудува апсењето на американскиот новинар на Волстрит журнал
Од Белата куќа изјавија дека се длабоко загрижени од „вознемирувачките“ извештаи за задржувањето на американскиот граѓанин Еван Гершкович во Русија и најостро го осудуваат овој чин. – Таргетирањето американски граѓани од страна на руската влада е неприфатливо, истакна портпаролката Карин Жан-Пјер. Се наведува дека службеници од Белата куќа и Стејт департментот синоќа зборувале со претставници…
-

Папата Франциск хоспитализиран во Рим, откажани состаноците за утре
Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани, објави Ватикан. „Светиот Отец е во болницата ‘Џемели’ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации. Италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ објави дека Папата бил…
-

На ирски фудбалски репрезентативец дијагностициран аутизам
Ирскиот фудбалски репрезентативец и играч за врска на англискиот второлигаш Виган, 33-годишниот Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам. МекКлин ја откри дијагнозата во вторникот во објава на Инстаграм за време на Светската недела на аутизам, додавајќи оти побарал лекарска проценка нанарушување на спектарот на аутизам (ASD), откако заедно со сопругата Ерин препознале дека…
-

Ѓоргиевска и Шмидауер проследија изложби и ги посетија Старата скопска чаршија и Чифте амам
Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска и Дорис Шмидауер, сопруга на австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен кои престојуваат во официјална посета на Северна Македонија, денеска се запознаа со проектот за градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите којшто се реализира од Националниот младински совет на Северна Македонија. Ѓоргиевска и Шмидауер потоа…
-

Утврден предлог текст на нов закон за Академијата за судии и јавни обвинители
Нов текст на Предлог- законот за Академија за судии и јавни обвинители е усвоен денеска на седница на Владата. -Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на Предлог законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата одлучи да го повлече Законот со цел во него да бидат вградени сите предложени амандмани…
Got any book recommendations?